Дел од Аеродром утре без вода

Корисниците од улицата Пандил Шишков, како и дел од корисниците на улиците Коста Новаковиќ и Руди Чајевац во Општина Аеродром, утре од 8:00 часот ќе останат без вода.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти РЦУК Скопје, е поради спојување од стара на нова водоводна мрежа на улицата Пандил Шишков.

Прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата.