Дел од Аеродром утре без вода

Поради уличен дефект на водоводна мрежа утре, сабота, без вода ќе останат дел од корисниците од општина Аеродром, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието велат дека од 8:30 часот, па се до отстранување на дефектот, без вода ќе останат жителите меѓу булеварите АСНОМ и Србија во општина Аеродром.