Дел од авион на „Боинг“ паднал во близина на Шангај

Aмериканскиот авиопроизводител „Боинг“ денеска соопшти дека во понеделникот се откачил дел од трупот на авион од типот „Боинг-777“ на компанијата „Ер Франс“, што паднал во близина на кинескиот град Шангај.

Во соопштението се посочува дека плочата од трупот на авионот, тешка 60 килограми, отпаднала непосредно по полетувањето на „Боингот“ од аеродромот во Шангај на пат кон Париз.

Во инцидентот нема повредени, а авионот безбедно стигна до Париз, истакнува компанијата, додавајќи дека отпадната плоча била од еден капаците што ги покриваат лежиштата на тркалата на леталото.

„Боинг“ во соопштението наведува дека за инцидентот ги информирал сите авиокомпанија кои користат негови авиони.

Хонгконшкиот весник „Сандеј Морнинг Пост“ во денешнто издание наведува дека откачанта плоча летала 3.700 метри и при падот пробила покрив на една локална фабрика.

Ширум светот денес во употреба се над 1.110 модели на „Боинг-777“.