Дел од Центар, Гази Баба и Чучер-Сандево утре без струја

Заради технички зафати во електро-системот, утре без електрична енергија ќе останат корисници од општините Центар, Гази Баба и од Чучер-Сандево.

  • од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од ул. Бел Камен бр. 3 и бр. 5.  (општина Центар)
  • од 08:30 – 11:00 часот, корисниците од дел од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов (делот околу Клубот на пратеници).  (општина Центар)
  • од 09:00 – 13:00 часот, корисниците од ул. Коле Неделковски и Киро Крстевски. (општина Центар)
  • од 09:30 – 14:30 часот, корисниците од дел од с. Сандево.  (општина Чучер – Сандево)
  • од 10:30 – 11:30 часот, корисниците од  дел од ул. Пролет.  (општина Центар)
  • од 11:30 – 15:00 часот, корисниците од делови од ул. Среќко Пужалка и ул. Товарник.  (општина Гази Баба )