Дел од Центар и Кисела Вода утре без вода

Дел од корисниците од сервисната зона Југ во општина Кисела Вода утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење. Во истиот период без вода ќе бидат и корисниците во близина на плоштадот „Македонија“ во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето во Кисела Вода е замена на четири шибери со пречник од 150 милиметри на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски„ и „Србија“, а во Центар изведување водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на потегот од плоштадот „Македонија“ до  МЕПСО.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП Водовод и канализација не завршат со работата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.