Дел од Центар, Сарај и Ѓорче Петров утре без вода

Без водоснабдување утре ќе останат ќе останат делови од општините Центар, Сарај и Ѓорче Петров, известуваат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од  ЈП„ Водовод и Канализација“.

Поради отстранување на уличен дефект на водоводна цевка на ул. Кукушка бр. 6, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Кукушка, општина Центар од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Поради отстранување на уличен дефект на водоводна цевка во близина на Ресторанот – Ореов Лад во Сарај , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Љубин, с. Горна Матка, с. Долна Матка, с. Глумово, с. Сарај и високата зона Ѓорче Петров од 09:00 часот до санирање на дефектот.