Дел од Центар утре без струја

Поради технички зафати во електро-системот, утре без струја ќе останат:

Од 7 до 14 часот: корисниците од ул. Франклин Рузвелт бр. 40 влез 1 и 2.

Од 8.30 до 12.30 часот: корисниците од дел од ул. Мирослав Крлежа, ул. Антоние Грубишиќ, дел од ул. Орце Николов и дел од ул. Наум Наумовски Борче.

В понеделник пак ќе биде исклучена струјата во голем број села.

Од 8.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љуботен.

Од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците на улиците 1 и 3 во селото Шишево.

Од 9 до 16 часот ќе биде исклучена струјата во с. Говрлево, с. Чифлик, с Света Петка, с. Соње, нас. Викендици Говрлево, с. Виничиште и дел од с. Долно Соње.