Дел од Центар утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без вода ќе останат дел од корсниците од општина Центар.

Како што се наведува во соопштението, градежните работи ќе започнат во 9:30 часот на улицата 9-ти Мај број 40, а до завршување на работите без вода ќе останат и корисниците од улиците Васил Стефановски, Христо Смирненски, Петар Поп Арсов, 29-ти Ноември, Борка Талевски, Диме Аницин и Роза Луксенбург.