Дел од Центар утре без вода

Поради дефект на водоводна цевка на улицата Андон Дуков, утре од 10 часот, па се до завршување на интервенцијата, без вода за пиење ќе бидат корисниците од таа улица, но и од улицата Алберт Ајнштајн.

Од Регионалниот центар за известување на Град Скопје велат дека навреме потрошувачите ќе бидат известени за дополнителни информации.