Дел од Центар утре без вода

Во текот на утрешниот ден поради изведување водоводен приклучок на ул.„Даме Груев“ бр. 14, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улицата „Св. Кирил и Методиј“ (по старо „Мито Хаџивасилев Јасмин“) на потегот од бул. „Теодосиј Гологанов“ до Полициската станица Беко.

Прекинот ќе биде од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.