Македонија

Дел од Црниче утре без вода

Дел од Црниче утре без вода

Без вода утре од 10 часот ќе останат корисниците од улицата „Христо Чернопеев“ и дел од корисниците од улицата „Славејко Арсов“ во населбата Црниче.

РЦУК Скопје информира дека прекинот е поради отстранување дефект на затворач на водоводна цевка на улицата „Христо Чернопеев“ бр. 14.  Прекинот ќе трае се до завршување на интервенцијата.