Македонија

Дел од делницата Свети Николе – Штип затворена за сообраќај

Дел од делницата Свети Николе – Штип затворена за сообраќај

Поради изведување градежни работи од денеска во наредните две години целосно ќе биде затворена за соообраќај  делницата кај Свети Николе на потегот од 28 километар до 38 километар до постојаната клучка Кадрифаково.  Сообраќајот ќе биде целосно пренасочен преку регионалниот пат П 1204.

Автомото сојузот на Македонија информира дека градежното друштво „Гранит” ад Скопје РЕ Свети Николе-Штип изведува градежни работи  за градба на магистралниот пат А4 , делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км 47+107,00. Сите активности се во согласност со одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28 мај 2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.