ВИДЕО: Дел од демонстрантите побегнале во градската библиотека

Дел од демонстрантите, веројатно дел од толпата која што протестираше пред Владата, бегајќи пред полицијата на Партизанска влегле во дворот и објектот на Градската библиотека, се вели во соопштението на градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

По кратката интервенција на полицијата одново биле воспоставени нормалните услови за работа во читалните на Библиотеката.

Како што е познато, поради традиционална популарност која што ја имаат кај средношколците и студентите читалните на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ веќе десетина години за членовите на библиотеката се отворени 24 часа и во саботите и неделите.

На „Јутјуб“ се појави видео од моментот кога полицијата влегува во библиотекта. Во него не се забележува никакво насилство, освен врескање, груб однос и пцовки на пристутните во објектот упатени кон полицајците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.