Дел од Гази Баба, Кисела Вода и Карпош утре без струја

Без електрична енергија утре од 9 до 10 часот ќе останат корисниците на булевар Александар Македонски, објектите на универзитетот „Гоце Делчев“, Макошпед и АСУЦ „Боро Петрушевски“, во општина Гази Баба.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја во периодот од 8.30 до 15 часот, ќе бидат и дел од корисниците од булевар Борис Трајковски лоцирани на почетокот на рампа, реонот кај поранешната фабрика „Цветан Димов“ кон рампа, како и дел од корисниците од улица Иван Козаров кон Тутунски Комбинат, во општина Кисела Вода.

Без струја од 9 до 12 часот ќе бидат и корисниците од улица Козле од број 46 до број 54, во општина Карпош.