Дел од Карпош, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Зелениково утре без струја

Корисниците од улицата „5“ во село Зелениково утре од 8:30 до 10:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата Московска бр. 15, а од 13:00 до 14:00 часот дел од корисниците од улиците „Будимпештанска“, „Хашка“, „Женевска“, „Адолф Циборовски“, „Осло“, „Урош Џудовиќ“ и „Јоаким Осоговски“ во опшина Карпош.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од улиците „Воин Драшковиќ“ и „Ибе Паликуќа“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.