Дел од Карпош и Гази Баба утре без струја

Bез електрична енергија утре од 9 до 15 часот, ќе останат корисниците на дел од улицата Скупи број 3 и број 5 во Криви Дол ( општина Карпош ).

Исто така, утре од 8.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Ордан Чопела, ул. 145 и ул. 147. ( општина Гази Баба ).