Македонија

Дел од Карпош утре без струја

Дел од Карпош утре без струја

Поради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општина Карпош.

Како што информираат од РЦУК, во време од 09.00 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите од улиците „Прашка“, „Варшавска“, „Париска“ и „Букурешка“ во општина Карпош.