Дел од касарната Илинден ќе стане првата финансиска зона во Македонија

Старата касарна Илинден – нова финансиска зона. На просторот на воените бараки и полигони ќе се градат модерни деловни центри. 10 до 20 хектари од вкупната површина од 80 ќе бидат пренаменета за слободната зона, дознава ексклузивно Алфа.

Незагдувачки деловно – административни згради и придружни услужни објекти треба да никнат на празните полјани. Во нив треба да се сместат банки, осигурителни компании, инвестициски фондови во чиј фокус нема да биде домашниот, туку меѓународниот финансиски пазар.

За да привлече што е мошно поголем број од ваквиот вид на корпорации, Македонија ќе конкурира со даночни поволности и квалификувана работна сила. Работата според највисоките меѓународни финансиски стандарди треба да ја позиционира земјава на глобалната финансиска мапа. Придобивките ќе бидат повеќекратни. Ќе се зголеми бројот на работни места, а во краен случај ќе има ефекти и врз зголемување на економскиот раст, пренесе Алфа.

Инаку, за да се формираат финансиските зони се менува и Уставот. Собранието веќе ги утврди амандманите, меѓу кои е и оној за финансиските зони. За него допрва ќе се гласа, а за да помине во законодавниот дом потребно е двотретинско мнозинство.