Дел од Кавадарци и околината утре без струја

Поради раконструкција на Трафостаницата Кавадарци 2 за подобрување на континуитетот во снабдувањето утре поголемиот дел од корисниците од Кавадарци и околината ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што соопшти ЕВН Македонија, од 9 до 15 часот без струја ќе останат деловите од градот кон Ваташа, Брушанско малоо, околу амбулатата, кај џамијата, околу Таска, кон судот, Голи оток, делови од новиот центар, стар монопол, Смилица и индустриската зона, како и населените места Глишиќ, Марена, Сопот со сите индустриски објекти. Во периодот од 7 до 9 и од 15 до 16 часот краткипрекини во снабдувањето со електрична енергија поради воспоставување на резервно смабдување ќе има и во делови од центарот наградот.

Без напојување со електрична енергија ќе бидат и индустриските капацитети на ИГМ (Дрекселмаер), Кожувчанка, Хотел Фени, Дрвен Комбинат, Кав Комерц, Флот Стакло, Петрови, Комуналец, Жито Југ, Ником, Метал Инвест и останати кои се во индустриската зона, како и корисниците од јавен интерес Градската Болница и Амбулантата.

– Со цел, безбедно и сигурно работење на подобрувањето на мрежата во одредени временски периоди, напојувањето мора да биде исклучено. Се надеваме на разбирање и соработка со корисниците затоа што целосната реконструкција на ТС Кавадарци 2 ќе придонесе за поквалитетно и сигурно снабдување на сите корисници. За реализацијата на оваа инвестиција ЕВН Македонија активно работи и се очекува до крајот на годината целосно да се реализира проектот и сите тековни проблеми да бидат надминати, изјави портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски.

Тој посочи дека Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Кавадарци интензивно работи на реконструкција на дистрибутивната мрежа во Кавадаречкиот регион.

– Над 9 милиони денари се инвестирани во реконструкција на Трафостаницата Кавадарци 2, каде што се врши замена на 10 киловолтни прекинувачи со нови и инсталирање на нова заштитна опрема за нив, појасни Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.