Дел од Кисела Вода без струја

Поради технички зафати на електромрежата, денеска ќе има привремени исклучувања на струјата на две улици во населбата Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Екипите на ЕВН Македонија АД ќе ја исклучат струјата на улиците Народни Херои и Вера Јоциќ во 9 часот а повторно ќе ја вклучат во 14 часот, по завршувањето на работите на неопходните зафати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.