Дел од Кисела Вода и Шуто Оризари утре без струја

Корисниците од улицата „Демостенова“ во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:30 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Индира Ганди“ и „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивниот систем од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.