Дел од Кисела Вода утре без вода

Без вода утре од 08:30 па се до завршување на работите ќе бидат корисниците од крак 7 од булеварот „Борис Трајковски“ до фабриките Охис и Стаклара, во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од ф 300 мм, на булевар „Борис Трајковски“ бб спроти автосервис РАЦ, во Кисела Вода.