Дел од Кисела Вода утре без вода

Дел од жителите од населбите 11 Октомври и Кисела Вода утре од 9 часот ќе бидат без вода, а намален притисок ќе имаат корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Прекинот во водоснабдувањето е поради вметнување затворач на крстосницата меѓу улиците „Спиро Гулапчев“ и „Борис Трајковски“, во периодот од 9 часот се до завршување на работите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.