Дел од општина Аеродром без вода

Корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче денеска од 10 часот ќе бидат без вода, информираат од ЈП„ Водовод и канализација“-Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на регулатор во ПС Припор.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работите.