понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 25

Дел од Oпштина Бутел утре без вода за пиење

без вода

Поврзани вести

Корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Рудо“, „Натаниел Кучевишки“, „Краишка“, „Марко Крале“, „Габница“, „Приштинска“, „Лапушник“ и „Зуфер Мусиќ“ во општина Бутел утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на затворач на водоводна мрежа на крстосницата од улиците „Хо Ши Мин“ и „Рудо“.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипата на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не заврши со интервенцијата.

Најчитани вести