Магазин

Дел од приходот од концертот на „Икс Фактор“ оди во хуманитарни цели

Дел од приходот од концертот на „Икс Фактор“ оди во хуманитарни цели

Дел од приходот што ќе оствари од продажбата на картите за концертот на финалистите на „Икс Фактор“ ќе биде наменет за хумантирни цели за погодените региони од поплавите во неколку балкански држави.
Дванаесетте финалисти на мегапопуларното музичкото шоу „Икс-фактор“ на 7ми јуни доаѓаат томку во Скопје на својот прв заеднички концерт кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“.

Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ, Фифи и Урош Трукулов од групата „Доктори“ соопштија дека со нестрпливост го очекуваат концертот во Скопје и веќе се активно ангажирани во подготовките за својот настап. На концертот финалистите ќе ги отпеат најдобрите песните од нивните „лајв“ настапи на финалните вечери, а дел од нив на овој концерт премиерно ќе ги претстават и своите први песни.

Покрај нив, на средбата со новинарите присуствуваше и Сандрина Анѓиќ, сопственичка на „МБК Продукција“ под чија надлежност се одржува концертот во Скопје.
„Ви благодаиме за целата поддршка што досега ја добивме од Македонија. За време на одржувањето на „Икс Фактор“, најголемата поддршка ја имавме токму од Македонија, а и во овие тешки моменти Македонија најмногу помогна. Се извинувам од името на Маид и Армин кои сакаа да бидат тука, но веќе неколку дена се наоѓаат и помагаат во кризните места настрадани од поплавите во регионот. За таа цел и „МБК“ продукција одлучи нашиот дел од средствата од овој концерт, да ги доделиме во хуманитарни цели, со што и на овој начин ќе помогнат сите кои ќе бидат дел од концертот.“ – изјави Сандрина Анѓиќ.

На големото концертно шоу кое нè очекува на 7ми јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, бројните фанови на регионалното издание на светски популарното музичко шоу „Икс Фактор“ конечно ќе имаат специјално задоволство да уживаат во заедничкиот настап на финалистите од регионалното издание на ова шоу: Даниел Кајмакоски, Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.