Дел од Радишани утре без вода

Дел од жителите на скопската населба Радишани утре поради работи на водоводната мрежа ќе останат без вода, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“.

Поради промена на затворач на водоводна мрежа профил ф-100 милиметри во Препумпна станица Радишани утре година од девет часот па се’ до промена на затварачот без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата Скоевска и на потегот од самата Препумпна станица до улицата Скоевска.