Дел од Сарај без струја

Дел од корисниците од подулица број „20“ во село Сарај денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе останат безнапојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро – мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.