Дел од Сарај, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД,  информирадека утре  поради закажани технички зафати во електро мрежата,  без снабдување со електрична енергија ќе бидат жителите на :

во време од 08:30 до 15:30 часот –  улица  4-ти Јули, општина Ѓорче Петров

во време од 09:00 до 15:00 часот дел од с. Љубин,  општина Сарај

во време од 09:00 до 13:30 часот дел од корисниците од ул. Миле Поп Јорданов, општина Карпош