Дел од Скопје без струја

Корисниците од улиците „Халим Халимовиќ“, „Божин Стојков“, „Дижонска“ и „208“ во општина Чаир, утре од 8.30 до 14.30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Соње.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување  технички зафати во електросистемот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.