Дел од Скопје денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија а.д. соопшти дека поради технички зафати во електросистемот утре без електрична енергија ќе останат делови од четири скопски општини.

Во општина Центар струја ќе немаат корисниците од ул.Тодор Александров број 76, од 10.30 до 11 часот, и дел од корисниците од ул. Кеј 13 Ноември (од број 92 до 110) во време од 9 до 11 часот.

Во општина Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од ул. Лука Геров од улици 2, 4 и 6, во време од 9.30 до 15 часот, и корисниците од село Кондово, Веле Поле и Кучково, село Грачани и Чашка – во време од 7.30 до 17 часот.

Од 9 до 14.30 часот струја ќе немаат корисниците од реонот Гази Баба, спроти Јаја-паша џамија во општина Чаир, а од 9.30 до 10 часот –  корисниците од ул. Фрањо Клуз број 2  во општина Аеродром.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.