Дел од Скопје денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги пренесува најавите на ЕВН Македонија АД за исклучувањата на струјата за денеска, заради зафати за подобрување на електропреносната мрежа.

Од 8:30 до 14:30 часот, струја ќе немаат корисниците од с.Љубанци, од од истиот миг, но до 16 часот, тоа ќе се случува во с.Долно Коњаре, с. Средно Коњаре, с. Горно Коњаре, с. Дивље, с. Сушица и с. Живиње.

До 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 1, 2, 3, 4 и 5 во с. Грчец и корисниците од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од бр. 160 до бр. 186.

Од 9:30 до 15:30 часот, ќе биде исклучена струјата на корисниците од викендиците во с. Побожје.

Од 11 до 13 часот струја ќе немааткорисниците од дел од ул. Радишанска (кај Гиго-Маркет).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.