Дел од Скопје денска без струја

Поради технички зафати во електро – системот денеска без електрична енергија ќе останат неколку улици во Скопје.

Во време од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од с. Брезница (општина Петровец ), во време од 08:30 до 09:30 часот корисниците од дел од ул. Коста Новаковиќ – парни броеви од бр. 2 до бр. 20. како и во време од 08:30 до 11:00 часот корисниците од ул. Димитар Македонски, ул. Аврора и дел од Бул. 12-та Македонска Бригада  во општина Аеродром.

Исто така во време од 08:15 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Идризово, фирмите Прилепска Пивара, Алекс, Мак Лифт, Мајами, Ана Компани и селата Кадино и Мралино ( општина Илинден ) и во време од 08:30 до 14:30 часот корисниците од ул. Челопек, ул. 158, ул. 159 Бис, ул. 155 и ул. 161 (општина Гази Баба).

  

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.