петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 44

Дел од Скопје и неколку скопски села в петок без струја

без струја

Последни вести

Корисниците од улицата „Букурешка“ од број 91 до број 101 во општина Карпош во петок од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Скупи“ бр. 29 и подулица „3“ во општина Карпош, од 9 до 15 часот корисниците од село Мирковци подулици „1“ и „4“, а од 9 до 13 часот корисниците од село Варвара и дел од Маркова Река.

Во петок од 9:30 до 13:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Ужичка Република“, а од 8:30 до 10:30 часот дел од корисниците од улиците „Салвадор Аљенде“ и „Тасино Чешмиче“ во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Најчитани вести