Македонија

Дел од Скопје утре без струја

Дел од Скопје утре без струја

Поради технички зафати во електросистемот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Чаир, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари.

Во перидотот од 8.30 – 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на Стара Скопска  Чаршија, од 9 до 12 часот корисниците од село Горно Нерези, од 9 до 13:30 часот улицата Божин Николов, од 9 до 14 часот улицата Владимир Комаров број 10, и од 9 до 15 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Гвадалахара и Метохиска.