Дел од Скопје утре без струја

Од 8 до 12 часот утре, струја ќе нема на улицата Хо Ши Мин од бр.407 до бр.423., а од 8.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од Старата Скопска Чаршија, во Чаир.

Струја во периодот од 9 до 12.30 часот ќе нема и улицата Никола Вапцаров бр.11 и бр.13, како и улицата Димитрие Чупоски бр.10, во  општина Центар.

И во Карпош улицата Владимир каваев утре ќе остане без струја од 10 до 13 часот, а од 11 до 13 часот и улицата Франц Прешерн во истата општина, од бр.10 до бр.80, информира ЕВН Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.