Дел од Скопје утре без струја

Поради технички зафати во електро-системот без електрична енергија ќе останат утре ќе бидат корисници на општините Сарај, Центар и Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, (РЦУК).

Во периодот од 5 до 7 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селата Кондово и Љубин во општина Сарај, од 8 до 13 часот корисниците од улицата Отон Жупанчич и улицата Раде Кончар. во општина Центар, а во периодот 9 д 14:30 часот корисниците од дел од улицата Сава Михајлов и дел од селото Инџиково во општина Гази Баба.