среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Дел од Скопје утре без струја

без струја

Поврзани вести

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без струја ќе останат делови од општините Чучер-Сандево, Ѓорче Петров, Студеничани, Кисела Вода и Карпош, информира РЦУК на Град Скопје.

Без електрична енергија од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од селата Глуво и Бразда во општина Чучер-Сандево, од 09:30 до 15:30 часот корисниците од Волково подулици бр.5 и бр.7 во општина  Ѓорче Петров, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците на дел од с.Батинци во општина Студеничани.

Во периодот од 07:30 до 08:30 часот без струја ќе бидат корисниците дел од ул. „Саса“ во нас.Пинтија кон црквата во општина Кисела Вода,  од 08:30 до 12:00 часот корисниците од ул. „Глинка“ и ул. „Врполе“ во општина Аеродром, како и дел од ул.„Мариовска“ во општина Кисела Вода, а од 14:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Френклин Рузвелт“ бр.33 А /1 во општина Карпош.

Најчитани вести