Дел од Скопје утре без струја

По добиеното известување од  ЕВН Македонија АД, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат:

Во време од 10:30 до 14:00 часот корисниците од

  • Стопански Двор и викенд населбата Веле Поле. (општина Ѓорче Петров)
  • во време од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с. Кучевиште. (општина Чучер – Сандево)
  • во време од 03:30 до 07:00 часот корисниците од Бутел, индустриската зона Визбегово и делови од Визбегово и Чаир. (општини Чаир и Бутел)
  • во време од 08:30 до 10:30 корисниците од ул. 18 во нас. Радишани. (општина Бутел)