петок, 31 март 2017  |  Вести денес: 0

Дел од Скопје утре без струја

без струја

Последни вести

Корисниците од улицата „Востаничка“ над број 82 во општина Кисела Вода утре, од 8 до 15 часот ќе бидат без струја.

Од 9 до 10.30 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Христо Татарчев“ бр. 47, влез 4 во општина Кисела Вода. Од 9 до 15 часот потрошувачите од село Сопиште, Каменолом Беровиќ во оваа општина ќе останат без струја.

Без струја утре од 9 до 12 часот ќе бидат потрошувачите од Бањане, манастирот „Св.Илија“ во општина Чучер Сандево, а од 9 до 14.30 часот потрошувачите од Побожје.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.

Најчитани вести