Дел од Скопје утре без струја

Корисниците од улицата „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ во општина Центар, утре од 8:30 до 9:30 часот ќе останат без електрична енергија.

Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од населбата Стопански Двор, а од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр. 17 и 19 и корисниците од улицата „Прашка“ бр. 19.

Во временскиот период од 9 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Свети Климент Охридски“, поточно делот околу „Железарец“.

Од 10 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „1“ и „7“ во село Долно Лисиче, а од 10 до 16 часот дел од корисниците од улицата „Гаврил Лесновски“.

Дел од корисниците од улицата „Благоја Давков“ во општина Центар ќе бидат без струја од 12:30 до 15 часот.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.