Македонија

Дел од Скопје утре без струја

Дел од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните  дека заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат: 

  • од 08.30 – 10.30 часот улици Стефан Јакимов-Дедов- од број 10 до број 20, корисниците од улица Владимир Полежиновски -од број 8 до број 15, и улица Рајко Жинзифов- од број 32 до број 40 (опш. Центар);
  • од 08.30 – 11.00 часот, корисниците од село Драчево, дел од улица Јанко Мишиќ (опш.Кисела Вода);
  • од 08.30 – 14.00 часот улици со броеви 142 и 125 во опш. Чаир (опш. Чаир);
  • од 08.30 – 15.30 часот корисниците од селата Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Дељадровци и Грушино (опш. Илинден);
  • од 09.00 – 11.00 часот корисниците од село Горно и Долно Соње, село Чифлик, село Света Петка и село Говрлево. (опш. Сопиште).