Дел од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро – системот, в четврток без електрична енергија ќе останат:

  • во време од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул. Палмиро Тољати (до надвозникот лево и десно до училиштето Дане Крапчев ) и од ул. Маџари (општина Гази Баба)
  • во време од 08:30 до 11:00 часот корисниците од Бул 11-ти Октомври – кули бр. 12 и 14 и објектите околу нив (општина Центар)
  • во време од 08:30 до 12:00 часот корисниците од Агино Село ул. 2 и ул. 3 и с. Зелениково( општина Зелениково )
  • во време од 08:30 до 14:30 часот корисниците од дел од Стара Чаршија (општина Чаир)
  • во време од 12:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 4 и ул. 5 во с. Зелениково (општина Зелениково)
  • во време од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Христо Татарчев ул. 14 – делот на почеток на улицата (општина Кисела Вода )

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.