Дел од Скопје утре без струја

Поради технички зафати во електро-системот, утре од 6:30 до 7:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Драчево во општина Кисела Вода и дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, информираат  дека, без електрична енергија од 6:30 до 17:00 часот, ќе останат и корисниците од улицата Киро Фетак во населба Драчево во општина Кисела Вода, од 8:00 до 11:00 часот корисниците од дел од село Ракотинци општина Сопиште.

Од 9:00 до 14:30 часот струја ќе немаат и корисниците од ул. Хо Ши Мин, ул. Натанаил Кучевишки, ул. Краишка, ул. Ѓорѓи Костовски и ул. Кирил Манчев во општина Бутел  и ул. Иван Аговски  во општина  Карпош.

Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Софиска, ул. Петар Драганов, ул. Копенхагенска, ул. Стокхолмска, ул. Бриселска и ул. Његошева  во општина Карпош, и корисниците од  дел од викендиците во Матка во општина Сарај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.