Дел од Скопје во вторник ќе биде без струја

струја

Од 8.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Радушка“ и „Црногорска“, како и дел од корисниците од улицата „Македонска Преродба“ во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 13.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а од 9 до 14 часот корисниците од улиците „Московска“, „Лондонска“ и „Хелсинки“ во општина Карпош.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од населбата „Момин Поток“, а од 9.30 до 11 часот корисниците од селата Живиње, Долно, Средно и Горно Коњари, Чифлик, Дивље и Сушица во општина Петровец. Објектите на ТЦ Омер Компани и средното училиште во селото Сарај ќе бидат без струја од 10.15 до 12 часот.

Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.