Дел од вооружената терористичка група и се предала на полицијата

Дел од вооружената терористичка група во Куманово вечерва и се предала на полицијата, објави ТВ Алфа.

– По попладневните борби и по кратки преговори, 30 членови од тешко вооружената териористичка група и се предале на полицијата, пренесе телевизијата. Се ште нема официјална потврда на информацијата.

По интензивните престрелки во текот на поладневните часови, во Куманово вечерва не се слушаат истрели. Кон населбата  „Тоде Менол“ каде што е жариштето на судирите се упатија амбулантно и неколку полициски транспортни возила.

Претходно кон населбата се упатија дополнителни полициски возила, а беше евакуирано и дел од локалното население.

Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес-конференција во 14 часот информира дека терористичката група имала за цел да организира напади врз државни институции, а во Македонија влегла од една соседна држава.

– На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата. Апелираме граѓаните и јавноста да останат мирни, да се воздржуваат, а заради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не би соопштувале дополнителни детали, рече Котески и најави дека МВР подоцна ќе излезе со целосни информации за преземените мерки.

Апели за смиреност и неподлегнување на провокации упатија и политичките партии, ЕУ, САД, Русија и ОБСЕ.

фото: МИА