Дел од жителите на булеварот Јане Сандански и скопско Љубанци без вода

Дел од жителите на булеварот Јане Сандански од 79 до 109 од 13,30 часот ќе останат без вода за пиење, додека жителите на скопското село Љубанци без вода ќе бидат од 14,15 часот, информираат од јавното претпријатие Водовод,

Првиот прекин е поради дефект на шибер затварач профил ф-80 милиметри на булеварот Јане Сандански бр.79 без водоснабдување ќе останат корисниците од зградите и тоа од број 79 до 109 од 13,30 часот па се до санирање на дефектот.

Вториот прекин е поради дефект на водоводна мрежа профил ф-100 милиметри во селотоЉубанци, па без водоснабдување ќе останат корисниците од истоименото населено место од 14,15 часот до санирање на дефектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.