Дел од жителите на Ракотинци и Студеничани без вода

Без вода за пиење ќе бидат дел од корисниците во селата Ракотинци и Студеничани, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Првиот прекин е поради дефект на водоводна мрежа профил ф-3/4 на улица 1 бр.37 во селото Ракотинци.

Вториот прекин е поради дефект на водоводна мрежа профил  ф-100 милиметри на  улица 1 во cелото Студеничани.