Дел од жителите на Скоевска и Радишaнска без вода

Дел од корисниците на улиците Скоевска и Радишанска денеска од десет часот се без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот е поради промена на шибер затварач профил ф-80 милиметри на улица Скоевска број 3, а ќе трае се’ до промена на затварачот.