Дел Пјеро кажа збогум на Австралија

Најголемата ѕвезда во дресот на австралискиот прволигаш Сиднеи ФЦ, легендарниот репрезентативец на Италија, Алесандро дел Пјеро и официјално потврди дека става крај на неговата авантура во Австралија и додаде дека е во потрага по нов клуб.

„Австралија, дојде време да се каже Ариведерчи. Мојатата авантура во Сиднеј завршува и сакам да ги известам сите за прекрасното време минато овде. Благодарен сум за двете прекрасни години, за поддршката што ја добивав од сите во клубот, Австралија засекогаш ќе остане во срцата на членовите на моето семејство“, изјави Дел Пјеро.